Fashion

Femme Luxe Finery-Collab 4

Здраво на сите!

Многу сум возбудена што и овој пат ќе ви ги претставам моите комбинации кои што ги направив со помош на Femme Luxe Finery. Комбинации совршени за есенските денови и прилагодени за секојдневно извршување на обврските. Како што знаете секогаш избирам по 4 парчиња на облека и создавам аутфити кои што се надевам ќе ве инспирираат и вас. Проследете ги во продолжение 4те аутфити што ги искомбинирав со прекрасните парчиња од Femme Luxe Finery.

Dusky Pink With White Stripe Lounge Wear Set.

Овој прекрасен сет од тренерки е најудобно нешто што имам облечено досега. Притоа и бојата е многу убава и го освежува целовкупниот изглед. Јас го искомбинирав со бели патики и црни очила за сонце. Минимална комбинација. Може да се нарача тука.

Mustard Strappy Ribbed Co-Ord.

Исто така и овој сет ми е еден од најомилените, се состои од панталони и кроп топ. Повеќе одговара да се носи на некое вечерно излегување. Темно жолтата е одлична боја за комбинирање кога станува збор за есенски аутфит. Нарачај го тука.

Grey Camo Long Sleeve Bodysuit.

За третиот аутфит го избрав ова боди, со камуфлирачки принт. Може да се комбинира на различни начини, одговара за секојдневни прилики. Јас го искомбинирав со шорцеви,патики, и “bucket hat”. Може да се нарача тука.

Grey reflective cropped hooded jacket.

И за крај останува оваа прекрасна јакна, односно кроп топ, кој што има рефлектирачки ефект. Ова е тренди и модерно парче од Femme Luxe Finery. Јас го искомбинирав со бициклистички шорцеви и патики. Одлична спортска комбинација.

 

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *