Fashion

FEMME LUXE FINERY COLLABORATION PART 2

 

 

Здраво на сите,

Како што знаете ова е втор пат како соработувам со Femme Luxe Finery , и секогаш сум презадоволна од нивната услуга и квалитетот на производите. Femme Luxe Finery е онлајн бренд кој што ги нуди најголемите трендови во модата за приступна цена. И овојпат си избрав 4 парчиња кои мене највеќе ми се допаднаа, па подолу ке можете да ги видите моите комбинации со истите.

Black High Shine Vinyl Trousers

За мојот прв аутфит ги избрав овие црни хеланки , кои што изгледаат прекрасно , а воедно даваат посебен шмек на секоја комбинација. Можат да се комбинираат на различни начини , со маички , патики , кошули и блузи, за која било комбинација да се одлучите со нив нема да погрешите. Јас ги искомбинирав во црна блузичка, бели патики , интересни очила за сонце и секако bucket hat. Може да се нарачаат тука.

 

Wine Corset Top

За вториот аутфит се одлучив за овој тренди вино боја корсет. Совршен е за секаква прилика, може да се носи за посвечени варијанти , но и за секојдневни прошетки и излегувања. Јас го искомбинирав со маичка , но може да се носи и врз бела кошула. Во мојот случај корсетот е наменет за дневно излегување. Подолу можете да ја видите мојата комбинација , а корсетот нарачај го тука.

 

 

Grey High Neck Cropped Loungewear Set 

Третиот аутфит се состои од овој сет, јас сум презадоволна од него бидејќи е многу удобен и лесен. Има прексрасна сива боја која што се вклопува многу лесно со целата комбинација. Нарачај го тука

 

 

 Black High Split Midi Skirt 

И за крај , за четвртиот аутфит ја избрав оваа кожна сукна. Јас обожавам да ја комбинирам со crop top маички и корсети. Може да се нарача тука.

 

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *